Радио Милева
момент на вистината

Весна – Бејби сепак „се боцна“: „К’смет, таман стигнавме на ред за вакцина, снема вакцини… се изначекав цел живот за се’ “ (ВИДЕО)

Весна – Бејби сепак „се боцна“: „К’смет, таман стигнавме на ред за вакцина, снема вакцини… се изначекав цел живот за се’ “ (ВИДЕО)

Кај Весна Бејби Петрушевска очигледно во животот ништо не оди „како подмачкано“, ама сепак… оди! Впрочем како и кај повеќето од нас. За се’ нешто мора да се помачи, да почека, да види ќе биде или не и кога… Се’ на се’, стално некои проблеми.

Ама затоа „Бејби мама“ знае како да се фати во костец со животот и да се избори за она што наумила да го направи. Овој пат приоритет број еден и беше вакцинирањето. Ама како вакцини нема доволно, за вакцинација мора да се чека. А кој чека – ќе дочека… макар и „окапал“ чекајќи.

 

Така, својот ред за „ваксинајс“ го чекаше и Бејби и го дочека. Дојде денот  и таа да се боцне, да го прими „Фајзер“, арно ама… Таман дојде на ред, одново и се потврди правилото на стариот добар „Марфи“,  дека таа е навистина една од оние, кај кои „ништо не оди „подмачкано“:

„Стигнавме на ред за вакцини, снема вакцини… Инаку е супер организирано и со ‘Фајзер’ треба да ме боцнат мене сега, ама… К’смет, таман ќе стигнеш на ред и нешто ќе снема… Се изначекав цел живот за се’ “ – се пожали Весна во видеото што го снимила мнеколку моменти пред вакцинацијата, за која среќета и го сврте грбот. Но само за кратко… Зашто малку потоа, ете ја Бејби во сосема поинаква улога, на сосема поинаква слика… Моментот на вистината при аплицирање на вакцината.

Дека „кој чека, ќе дочека“ зборува и следното видео кое го сподели актерката. Вакцинацијата извршена, Бејби под маската насмеана, среќна и задоволна што дојде и нејзиниот ред да биде заштитена.

 

А потоа уште едно-две заеднички селфи фотографии со луѓето кои ја пелцуваа или се дел од тимот за вакцинација на целата нација.

Со дамата која ја боцна и и’ ја аплицираше вакцината и  со медицинскиот техничар Денис Јанкуловски познат на јавноста под прекарот Космонаутко, за кого Бејби под селфито напиша: „Со убавиот лик на ова невреме Денис“!

Епа, Бејби наздравје и добро здравје… Како и на сите останати граѓани!

Фото: Инстаграм принтскрин/vesnapetrushevska

Останати вести од Радио Милева