Радио Милева
некогаш и сега

Познати деца на уште попознати родители: Можете ли да ги препознаете македонскиот актер и ТВ водител и неговата сестра? (ФОТО)

Познати деца на уште попознати родители: Можете ли да ги препознаете македонскиот актер и ТВ водител и неговата сестра? (ФОТО)

Тие се брат и сестра… познати! Доаѓаат од уште попознато семејство. Дедо, татко, мајка… врвни македонски уметници… Доајени на својата уметничка дејност! Тој на периоди мега популарен, таа можеби помалку позната, особено заради тоа што последниве 20 години не живее во Македонија!

Сеапак, секогаш кога може доаѓа да го види постариот и многу попопуларен брат… И за арно и за лошо. така беше кога во април 2016 без знаење го изненади, па „му се исправи“ чекајќи уредно во ред со примерок в рака за потпис, на промоцијата на неговата претпоследна книга…

Така беше кога тој беше в болница пред сериозно искушение заради здравствените проблеми.  Таа и тогаш беше покрај него, тогаш им кога е најубаво и кога е најтешко.

По професија архитект, кој последниве 13 -14 години работи нешто што самата го нарекува „технолошки поткажувач“, во компанија која прави дизајн софтвер. Тој мултиталентиран: актер парекселанс, ТВ водител, музичар, забавувач, шоумен, автор, писател…

Промоцијата на својата седма книга по ред насловена „Улица диши длабоко“, ја правеше неодамна, а како потсетување на продолжувањето на заедничкото актерско остварување со неговата колешка Весна Бејби Петрушевска, наречено „Брачна игра“, таа ја постираше на својот Инстаграм  токму оваа фотографија од неговото рано детство на која тој е токму  со сестра му.

Кој ги препозна, препозна… Кој не, нека види како изгледале Игор Џамбазов и неговата сестра Тања како малечки, а како изгледаат денес.

 

 

Останати вести од Радио Милева