Мегафон
и културни и човечки вредности

Весна Петрушевска и малите актери од нејзината актерска школа им оддадоа почит на трагично настраданите деца од Белград (ФОТО)

Весна Петрушевска и малите актери од нејзината актерска школа им оддадоа почит на трагично настраданите деца од Белград (ФОТО)

Малите актери од Актерската школа на истакнатата македонска актерка и ТВ водителка Весна Петрушевска во неделата, 7-ми мај 2023 година пред Амбасадата на Република Србија во Скопје им оддадоа почит на своите трагично настрадани  другарчиња од Белград, ученици на училиштето „Владислав Рибникар“, кои ги загубија животите во монструозниот убиствен напад на нивниот соученик.

Петрушевска со своите мали актери, заедно со апели за заштита на децата, оставија цвеќе и им запалија свеќи на трагично загубените животи на малите ангелчиња од Белград.

Бејби уште веднаш по грозоморната трагедија на своите профили на социјалните мрежи истакна дека е згрозена и потресена од настанот во Белград и дека ова зло никогаш и никаде не смее да се повтори.

Покрај тајните на актерството, Весна своите млади актери ги учи и на вистинските животни вредности, доброто воспитување, култура и уметност.

Така, покрај овој хуман, човечки гест, викендот Весна и нејзините мали пријатели го искористија и да го посетат актуелниот Саем на книгата, на промоцијата на новото издание на книгата „Стапица“ од легендарниот Горан Стефановски, како  и да се дружат со македонскиот писател Венко Андоновски.