Радио Милева
Се ближи моментот на една од планираните свадбени веселби

Венчаницата пристигнува од Њујорк, а Цеца подготвува специјален подарок: Откриени детали од свадбата на Анастасија и Немања Гудељ (фото) 

Венчаницата пристигнува од Њујорк, а Цеца подготвува специјален подарок: Откриени детали од свадбата на Анастасија и Немања Гудељ (фото) 

Немања и Анастасија Гудељ неодамна стапнаа на „лудата карпа“ на тајна церемонија, а исто така беше откриено дека подготвуваат уште две големи свадбени веселби.

Едната прослава ќе биде на брегот на Шпанија, а потоа ќе се одржи голема српска венчавка во Белград.

– Кога решија да направат свадба, иако тоа го правеа тајно, знаеја дека ќе има проблем со организацијата бидејќи и двајцата имаат широк круг на роднини и пријатели кои се расфрлани низ целиот свет. На крајот беше донесена одлука романтичната прослава на брегот да биде во Шпанија, на која ќе присуствуваат најблиските членови на семејството и клупските играчи на Немања, а потоа вистинска српска венчавка во Белград со свадбари од Србија. Свадбата во Шпанија треба да биде до крајот на годината, а во Белград следната – открива извор близок до Немања и Анастасија.

– Додека Анастасија се грижи за венчаницата и фустанот кој би го облекла подоцна, Немања повеќе е задолжен за храна и пијалоци бидејќи сака да има посебно мени. Венчаницата на Анастасија ќе ја изработи познат дизајнер од Њујорк и таа ќе оди таму на проба, баш не ми се јасни имињата на тие дизајнери, па не се сетив која е. Знам дека веќе добила нацрт кој во некои делови го ревидирала и дека ги избрала материјалите што и биле понудени за ваков модел. Направен е според нејзините мерки. Од друга страна, Немања побарал сирењата да бидат од Шпанија и Италија, како и шампањот што пристигнува од Тоскана – вели извор за Блиц, цитиран од Курир. Изворот додава дека на прославата во Шпанија ќе има околу 50 гости, меѓу кои ќе бидат нивните пријатели од Севиља, каде Немања игра за истоимениот фудбалски клуб, неговите колеги фудбалери, како и семејството и кумата на Анастасија од Србија.

Собите се веќе резервирани во еден од најелегантните шпански хотели, а Светлана Цеца Ражнатовиќ за прв пат ќе ја посети куќата што Анастасија и Гудељ ја купија во Шпанија. Младенците платиле и авионски билети за бројни гости, а на прославата секако се очекува да присуствуваат и Вељко и Богдана со нивните деца.

Свадбата во Србија ќе биде многу поголема од онаа во Шпанија и би требало да се случи следната година, кога Немања ќе има повеќе време од професионалните обврски. – Таму свој дел гости ќе има Цеца, но и Гудељи, чии роднини се во Требиње. На специјалното мени ќе работат неколку готвачи, а декораторите веќе се во полн ек за тоа како треба да изгледа се со помпезен огномет и повеќекатна торта. Анастасија сега е во хаос бидејќи освен што работи на избор на венчаница и опремување на ентериерот на новата куќа, треба да се занимава и со украсување и други ситници поврзани со свадбата – вели истиот извор.

Бидејќи фудбалската сезона на Немања веќе започна во неговата Севиља, младенците сега не можат да одат на меден месец.

Но, според информациите на Блиц и Курир.рс, младенците планираат патување до егзотична дестинација која ќе ја плати Цеца. Кога ќе му дозволат обврските на Немања, новопечениот пар ќе замине на свадбено патување. Се шушка дека освен медениот месец, Цеца подготвила и други подароци кои ќе бидат посебно изненадување.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Дамир Дервишагиќ

Останати вести од Радио Милева