Радио Милева
и приватен и профи трансфер во најава?

Ведрана Ѓорѓевиќ со големи промени во 2023-та: Водителката заминува од „Златниот тепих“, но и се сели пред олтар… или тоа само така изгледа? (ФОТО)

Ведрана Ѓорѓевиќ со големи промени во 2023-та: Водителката заминува од „Златниот тепих“, но и се сели пред олтар… или тоа само така изгледа? (ФОТО)

Атрактивната ТВ водителка и модел Ведрана Ѓорѓевиќ  во новата 2023-та година влегува со најава за големи промени. И приватни и професионални.

Имено, во естрадно-медиумските кулоари веќе наголемо се зборува дека долгоногата убавица на крајот од јануари си заминува од Канал 5. Или поточно од „Златниот тепих“ по кој чекореше и го водеше од самото негово востановување како естрадно-забавен продукциски ТВ проект, заедно со својот колега Миро Кацаров. Имало ли концепциски недозразбирања, мешање во работата, непочитување на договорот, едноставно „секнал“ финансискиот прилив од спонзорите или е во прашање нешто сосема трето?

Шпекулациите дополнително ги подгреја и фактот дека убавата водителка веќе подолго живее заедно со својот партнер во Скопје, инаку момче од Србија, па затоа конечно решила врската да ја озакони со брак и да застане пред олтар.

Фотографиите на кои Ведрана се појави во венчаница, меѓу кои и онаа профилната на нејзиниот Фејсбук, како дополнително да ги зачинија ваквите претпоставки за кои се почесто почна да се говори дека „каде што има чад, мора  да има и оган“?  Овој пат љубовен, со тенденции наскоро да се распламти и прерасне  брачно-семеен?

Сите овие тврдења или поточно нагаѓања, Ведрана не сакаше многу да ги објаснува во детали.Таа во куса изјава за порталот „Музика24“ само изјави дека едноставно на крајот од месец јануари 2023-та и истекува договорот и нема повеќе да биде дел од споменатата ТВ емисија.

“Дел сум од “G-Carpet” додека трае договорот на моите спонзори, а тоа е крај на јануари. Ако имате такви сознанија од неофицијални извори, верувам дека ви било кажано зошто нема да соработуваме повеќе. Не станува збор за некакво недоразбирање со Миро, не знам од каде сето тоа, тоа се само шпекулации. Што се однесува за стартување на нов тв проект, секако тоа не е исклучено, но за сето тоа ќе Ве известам кога ќе дојде време за тоа. Сега главниот фокус ми е снимање на реклами, имам и сопствена продукција и постпродукција va_dventure е нашиот официјален профил на Инстаграм кога можете посетете го истиот и видете со што се занимавам“ – ќе потврди убавата водителка.

А фотографиите во венчаница, дали се подготовка или поточно генерална проба за нејзиниот нов живот, Ведрана вака ги објаснува:

„Освен тоа, периодов работам и на претстојниот Саем на венчаници што ќе се одржи од 10-ти до 12-ти март во Скопје, каде ќе бидам водител-промотер”, ќе изјави Ведрана!

Неофицијално, сепак информациите говорат дека иако заминува, Ведрана Ѓорѓевиќ брзо ќе се врати на ТВ екраните. Или барем во медиумскиот бизнис, зашто како пшто наголемо се зборува, еден голем мобилен оператор од соседството кој веќе е влезен во Македонија и нуди телекомуникациски и интернет услуги, а наскоро отвора и своја телевизија, па Ведрана ќе биде едно од првите ТВ лица во тој нов голем  проект!?

А, за олтарот…? Веројатно и тоа ќе дојде… Кога ќе и дојде денот… Ако веќе не е дојден?!

Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/vedrana_edrana/miroslavkacarov

 

Останати вести од Радио Милева