Живот и Стил

Вака таксист во Кина се штити од корона вирус

Вака таксист во Кина се штити од корона вирус

На социјалните мрежи е објавено видео снимено во Кина, од кое може да се види како еден кинески таксист се заштитува од корона вирус.

Превенцијата е секогаш на првото место, за тоа се свесни и многу кинески таксисти кои и покрај забраните сè уште мораат да ја вршат нивната работа.

Еден патник во такси сними видео на кое се гледа како локален таксист се штити од потенцијална зараза. Тој целосно го изолирал возачкото седиште, а неговиот потег наиде на поделени реакции на социјалните мрежи. Додека некои се шегуваат со него, други го фалат за неговото интересно решение.