Радио Милева
како за свои...

Вака го проследија финалето на Србија на СП во кошарка познатите Македонци во Белград: Даниел и Елена со најмилите навиваа во домашна атмосфера (ФОТО)

Вака го проследија финалето на Србија на СП во кошарка познатите Македонци во Белград: Даниел и Елена со најмилите навиваа во домашна атмосфера (ФОТО)

Кошаркарите на Србија вчера ( недела, 10 септември 2023) напладне го играа големото финале на СП на Филипините. Немаа среќа да го освојат златото, но и сребрениот медал и вицешампионското место меѓу најголемите кошаркарски сили на светот е огромен успех.

Финалето се гледаше и кај нас, во Македонија…

Најпасионираните љубители на кошарката и навивачи на нашиот северен сосед се собираа по кафулињата и локалите да го проследат завршниот меч, иако веројатно за Србија навиваше речиси целата македонска нација.

Кога сме веќе кај Македонците и нивното навивање за северниот сосед кај нас и Македонците кои живеат во Србија, не пропуштија да го проследат  финалето.

Меѓу нив секако и оние најпознатите, пејачите Даниел Кајмакоски и Елена Миленковска кои сега живеат и работат во Белград.

Момчето со Х-фактор пред четири месеци стана татко по вторпат и со втората сопруга Марина се реализираа како родители на синчето Стефан. Даниел Кајмакоски сега живее нов живот полн со љубов, а тоа не ретко знае да го сподели со следбениците на Инстаграм, што и не беше негова пракса претходно.

Така беше и овој пат кога пејачот во домашна атмосфера се „нацрта“ пред телевизорот и тоа не сам. Кошаркарското финале на Србија на СП го следеше заедно со своето сакано синче и нивниот куќен миленик, црниот пес о расата Кокер, по име Нера.

„Одимеееееее“ –  извикал во еден миг Даниел, кревајќи го малиот Стефан високо на раце, на самиот почеток од мечот.

Така Даниел, Стефан и Нера создадоа супер атмосфера сесрдно и гласно навивајќи за Србија, чии кошаркари за жал загубија иако оставија одличен впечатот.

Ништо поразлично не беше и во домот кај нашата „натурализирана Србинка“, пејачката Елена Миленковска. Доскорешната македонска „Гранд ѕвезда“  како лојална граѓанка на државата во која создадае семејство и сега живее и работи, не пропушти да го проследи финалето заедно со својата мала ќеркичка Миона.

Синчето Максим или спиел или бил некаде на прошетка со татко му Гуте, ама затоа Елена и Миона од пред ТВ екранот со полна душа ги бодреа српските кошаркари. Се разбира, сето тоа не помина без споделување на обострана љубов…

Како што тоа кошаркарите го прават на теренот, така мама Елена и малечката Миона дома, пред телевизорот…

Зашто поразите како и победите се составен дел од животот, ама љубовта е онаа која е најважна, најпотребна и вечна! И никогаш доста од неа!  Макар „пукнале“… од љубов!

Фото: Фејсбук/spona /Инстаграм/elenamilenkovskaa/daniel_kajmakoski

Останати вести од Радио Милева