Конечно го видовме денот кога ги добивме победниците од осмата сезона на најемотивното шоу на Балканот „Никогаш не е доцна“.
Од дванаесет талентирани пејачи, публиката ги избра своите фаворити преку Фејсбук и СМС гласови. Својата пресуда ја даде и стручното жири, па на сцената на Гранд блеснаа тројца шампиони.
Според одлуката на публиката на Фејсбук, победата му припадна на струмичанецот Павле Витанов, кој не криеше дека има голема поддршка на оваа социјална мрежа. Своите први впечатоци ги сподели пред камерите на Гранд со насмевка на лицето.
– Наградата е во мои раце и тоа е одлично за мене. Пеев на Фејсбук за време на пандемијата, тогаш таму добив следбеници. Знаев дека имам поддршка, но навистина не очекував да имам толку многу. Благодарен сум на сите што гласаа за мене – рече Павле.
Публиката со СМС гласови гласаше зи а Сабина Калтак, која по објавата пролеа солзи и призна дека не очекувала ваков успех.
– Изненадувањето е големо и сето ова е емотивно, ова е голема работа за мене. Голем камбек после 30 години, драго ми е што сè уште го имам во себе она што се родило од мали нозе. Колку и да сум тивка со години, тоа ми е заглавено во душата. Дефинитивно го живеев мојот сон – со солзи изјави Сабина.
Според одлуката на стручното жири, најдобар пејач на осмата сезона е Петар Спасојевиќ од Белград. Тој за Гранд откри дека наградата и ја посветил на сопругата Зорица, која почина за време на натпреварот.
– Тоа е нешто што многу значи за моето семејство, таа многу даде. Се пријавив за неа, но тоа не е став, знам дека и нејзе би значело нешто. Таа веруваше во мене и ми рече дека сум подобар, дека не ми треба натпревар – вели тој и открива дека не го очекувал овој успех:
– Кога се пријавив не го очекував ова, се надевав дека ќе стигнам до вториот, третиот круг. Го пеев тоа што го чувствував, не измислив ни секунда, не направив никакви комбинации. Пеев нешто што ѝ беше мило на душата.
За потсетување во изминатите сезони на регионачното шоу „Никогаш не е доцна“ публиката им беше наклонета за гласање до победа на Mакедонците: Ленче и Горан Кукиќ, Бејхан Рамов, Бобан Цаневски, Добрила Ивановска Чабриќ.
Во видеото погледнете што кажаа победниците пред камерите на „Гранд“.
фото: Z. K. Munja/ F.Pavlović/Grand.nova.rs