Радио Милева
бура од емоции

Три месеци по трагедијата на нејзиниот концерт Калиопи го отпеа ветеното во Белград: „Во контакт сум сум со семејството на несреќната жена“ (фото)

Три месеци по трагедијата на нејзиниот концерт Калиопи го отпеа ветеното во Белград: „Во контакт сум сум со семејството на несреќната жена“ (фото)

Серијата концерти на нашата ултра позната и обожувана регионална музичка ѕвезда Калиопи беше прекината поради еден немил настан. Имено, пред три месеци беше закажан концерт во Белград, но за жал истиот беше одложен бидејќи на една жена од публиката и се слоши и почина.

Тогаш Калиопи со длабоко желење реши да стопира се’,па средбата со белградската публика да ја закаже за подоцна.

Тоа подоцна се случи сега во МТЦ салата каде Опи го отпеа ветеното пред своите обожаватели. Максимално предана на сцена, со пеење од срце и тон емоции, токму онаква како што ја знаат и очекуваат да ја видат и слушнат сите кои со нетрпение го чекаа концертот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

-Балград, ти засекогаш остануваш во моето срце! Оооо каква ноќ!, напиша Калиопи во описот на фотографиите од концертот кои ги постави на својот Инстграм за да сведочат на уште еден феноменален музички спектакал полн со бура од емоции каков таа секогаш знае да приреди.

Се вели дека музиката ги поврзува луѓето и говори со јазикот на љубовта, а Калиопи умее совршено и магично да ги конектира. Токму затоа пред српските медиуми таа кажа и дека со позитивна мисла, поистоветување и емпатија, успеваме да се зближиме уште повеќе, мислејќи и на немилиот настан за кој биле објавени и невистини.

– Имаше многу неточни информации за самиот настан. Само ќе кажам дека гледаме напред и размислуваме позитивно, тоа што го доживеавме некако не собра уште повеќе, доживеавме нешто незамисливо. Во постојан контакт сум со семејството на несреќната жена. Токму тој момент направи нешто примарно и не натера да го цениме животот повеќе од порано – изјавила пејачката за Пинк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Белградскиот концерт на Калиопи беше совршено музичко стартување од годинава, а таа како и секогаш неуморна за споделување љубов и музика продолжува со полна агенда настапи. Следно ја слуша и гледа македонската публика и тоа во Маврово на 17-ти февруари.

фото:Instagram printscreen/ kaliopi_official

Останати вести од Радио Милева