Живот и Стил

Торта со бисквити: Десерт готов додека да трепнете!

Торта со бисквити: Десерт готов додека да трепнете!

За подготовка на оваа торта потребни се најмногу 20 минути, почекајте секако да се соединат вкусовите и состојките и целата работа убаво да се стегне, па послужете за неколку часа, а можете да ја декорирате на различни начини.

Вкусот е неодолив и лесен и го препорачувамe и во денови кога не постите.

Состојки:

– 800 гр посен бисквит
– 2 кесички пудинг од ванила
– 200 гр шеќер
– 1 литар вода
– 200 гр посен маргарин
– 200 гр посно чоколадо
– 200 гр мелени ореви (малку повеќе за декорација)

Подготовка:

Во 200 мл вода се мешаат пудингот и шеќерот и се варат во 800 мл зовриена вода. Гответе само една минута или додека не се згусне. Тргнете го од шпорет и брзо измешајте ги маргаринот и чоколадото да се растопат.

Подгответе мала тава, обложете ја со фолија или кесичка, наредете 200 гр бисквити, премачкајте со две до три лажички фил, повторно бисквити и така до крај. На крајот не премачкувајте, туку оставете филот да се премачка подоцна. Горниот бисквит намачкајте го со малку вода, а потоа покријте го со фолија или кесичка и чувајте го во фрижидер неколку часа да се стегне.

Потоа превртете ја тортата на плехот, покријте ја со филот и вратете ја во фрижидер еден час. Посипете со мелени ореви или рендано посно чоколадо, или декорирајте по ваша желба и приликата за која е наменета.

Извор: Попара