Промотер

Мила Москов ќе ја претставува Македонија на детскиот „Евросонг“ со песната „Fire“ (ВИДЕО)

Мила Москов ќе ја претставува Македонија на детскиот „Евросонг“ со песната „Fire“ (ВИДЕО)

Претстојниот „Евросонг јуниор“ ќе се одржи во Полска, а Македонија ќе ја претсатвува 14-годишната тинејџерката Мила Москов со песната „Fire“, која за неа ја напишаа братско-сестринскиот авторски тандем хитмејкери, Лазар и Магдалена Цветковски.

Нашата претставничка била избрана меѓу 18 пријавени пејачи на аудицијата што беше оддржана уште пролетта во просториите на МРТ. Таа е ученичка во ОУ „Кочо Рацин“ во  Прилеп, а има нижа музичка наобразба и искуство со свирење пиано и соло пеење.

Мила во 2017 година била дел од фестивалот „Мелфест“ и настапувала на неколку хуманитарни манифестации.

Инаку изборот за детска песна на „Евровизија 2019“ ќе се оджи за помалку од еден месец, на 24 ноември во  „Гливице Арена“, во градот Гливице во Полска и на него ќе земат учество малите претставнивци на 19 земји. Тој како и сениоркиот „Евросонг“ е во организација на ЕБУ (Европската бродкаст унија).

Слушнете ја песната „Fire“ на македонската претставничка Мила Москов и погледнете го видеото за неа кое го изработи Даниел Јовески: