Радио Милева
во ист ритам

Таткова гордост: Коста од „Преспав“ и синот се совршен тандем за акција (фото)

Таткова гордост: Коста од „Преспав“ и синот се совршен тандем за акција (фото)

Актерот Игор Ангелов или на многумина попознат како Коста од „Преспав“, не многу ги милува социјалните мрежи, но одвреме- навреме знае да изненади со некоја објава од приватноста.

Игор во реалноста е далеку од карактерот од ликот на Коста… Тој е семеен човек со хармониечен брак и најголемото богатство од него – двата сина, Андон и Јаков.

Игор заедно со неговото семејство односно, сопругата Ева и синовите живее во Скопје, поточно во својата куќа изградена во село Бардовци.

Кога не е на снимања и има слободно време, тој редовно поминува моменти во спортска рекреација, а убавата и полезна навика му ја пренел и на постариот син Јаков.

Татко и син се совршен тандем за трчање на кејот на Вардар, а за ваквата семејна спортрка спојка, Игор се пофали на социјалните мрежи.

Инаку, постариот син на познатиот актер за разлика од тата си, плови во музичките води и свири на виолина која е негова примарна преокупација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Angelov (@igor_angelov)

Јаков е згоден и шарментен млад дечко кој несомнето ги краде погледите на девојките.

фото:Instagram printscreen/ igor_angelov

Останати вести од Радио Милева