Промотер

Таско после бурно мината ноќ има минливо „затемнување“ – „Амнезија“ (ВИДЕО)

Таско после бурно мината ноќ има минливо „затемнување“ – „Амнезија“ (ВИДЕО)

Таско промовира нова песна и спот.  „Амнезија“ е насловот на песната и истата е направена во трап стил.

Текстот е на Таско, музика Cheketz Beats, миксот и мастерингот на Иван Јованов – Ивајо, додека спотот комплетно го изработи Гордан Божиновски – (God Eye Production). Видеото е снимано во стан во „Џевахир Скај Сити“ и на уште една локација во скопската населба Аеродром, а изработено е во футуристички стил.

„Амнезија“ – минливо „затемнување“ после бурно мината ноќ… Таско една вечер поминува со девојка, а  од утре е само во нејзините спомени…Во реалноста тој повеќе не постои, постои само во нејзината фантазија и имагинација…

Во спотот само по долна облека се појавува моделот Наташа Неделковска или позната како Таша Реј. Атрактивна девојка, голем љубител на тетоважите и веројатно најтетовираната девојка во Македонија. Таша заедно со Таско се појавуваат во полуголо издание, со кое мамат воздишки… кај обата пола.

Проверете дали и кај вас, откако ќе го проследите видеото: