Мегафон
фестивали

Свечено е отворено 32-то издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ во Битола

Свечено е отворено 32-то издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ во Битола

Со изведба на оперската претстава „Рита“ од Гаетано Доницети, свечено е отворено 32-то издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ Битола.

Во големата сала на народниот театар „Благоја Стефановски-Баге“ честа први да настапат на оваа манифестација им припадна на уметниците од Македонската опера и балет, под диригентската палка на Иван Еминовиќ.

Градоначалникот Тони Коњановски го отвори ова 11 дневно патување на звуците на класичната музика, низ Битола.

„Културните апетити кои ги поседува Битола, надалеку прозвучуваат низ ваквите бројни манифестации, уметничкиот израз допира до секој од нас“, изјави Тони Коњановски, градоначалник на Битола.

Големиот интерес на битолчани за овој фестивал, потврдува дека истиот низ своето три децениско постоење, оставил длабоки траги. Ако Битола некогаш била град на клавирите, денес е центар на класичната музика. Според програмата оваа година ќе настапат уметници од 8 земји, со 13 музички настани. Посебен белег ќе остави концертот на јапонскиот оперски пејач Казухаро Котецу, кој има снимено над 30 македонски песни и ја афирмира Македонија низ цел свет.

До 12-ти октомври, покрај концертите, посетителите ќе можат да ја погледнат и ликовната изложба на Драган Анѓелковиќ и Слободан Вигњевиќ како и поетската вечер во чест на великанот Ацо Шопов.