Радио Милева
научивме ли?

Сузана Турунџиева за лекциите од годината што ја испраќаме: „Најголемо богатство не се парите, куќите и колите, туку здравјето“

Сузана Турунџиева за лекциите од годината што ја испраќаме: „Најголемо богатство не се парите, куќите и колите, туку здравјето“
фото: Инстаграм/сузана турунџиева

Изминатата година за нас беше полна со предизвици, неизвесност, страв…се’ тоа поради короната која го зафати цел свет.

Од март живееме според нови правила, нова реланост, а медицинските заштитни маски и средства за дезинфекција ни станаа секојдневние.

Како што наближува крајот на 2020та, така сите се надеваме дека ќе наближи и крајот на пандемијата со короната.

Познатите веќе ги покажаа своите домови во новогодишно руво. Некои ги кажаа желбите, а други открија што научиле од оваа година.

Сузана Турунџиева на својот „Инстаграм“ профил напиша за тоа што требаше да научиме изминатиот период зад нас.

-Што требаше да научиме оваа година?!
Годинава која ја испраќаме и која за многумина беше најлошата година досега ни даде можност да научиме многу важни животни лекции…
Требаше да научиме дека сите сме ЕДНО и дека на некаков невидлив начин сите сме поврзани…
Требаше да научиме дека слободата нема цена!
Требаше да научиме дека нашата лична благосостојба не може да ни гарантира добро здравје, ниту пак може да не поштеди од болест.
Требаше да научиме колкава е цената од неодговорното живеење…
Требаше да научиме дека грижејќи се за себе треба да се грижиме и за тие околу нас…
Требаше да научиме дека најголемо богатство не се парите, куќите и колите, туку здравјето…
Требаше да научиме дека понекогаш ЗБОРОТ и ПОДДРШКАТА вреди повеќе, отколку да му дадеш пари на човек…
Требаше да научиме дека достоинството не е нешто со кое можеш да правиш пазар…
Требаше да научиме дека некои луѓе не се достојни за да влегуваме во разговори и преговори со нив, а камо ли да правиме компромиси?!
Требаше да научиме дека совеста треба цело време да ни биде вклучена на најјако…
Требаше да ги активираме сите наши капацитети и да се избориме со предизвиците во оваа тешка пандемиска година…
Требаше да научиме дека треба едни на други да си помагаме, дури и од далечина. Научивме ли?, напиша покрај една фотографија.

Оваа година не научи дека здравјето е најважно, па затоа престојните празници да ги помине мирно и во домашна атмосфера на тој начин грижејќи се за своето здравје и здравјето на луѓето околу нас.

Останати вести од Радио Милева