Радио Милева
честитки, подароци и бакнежи...

Сузана Гавазова славеше роденден: Сопругот прво ја шокираше со „мрсен подарок“ спакуван во пакет, а потоа ја изненади со вредно кутивче и букет (ВИДЕО)

Сузана Гавазова славеше роденден: Сопругот прво ја шокираше со „мрсен подарок“ спакуван во пакет, а потоа ја изненади со вредно кутивче и букет (ВИДЕО)

Роденден е денот што го чекаме цела година… Најмногу децата, ама и возрасните, денот кој ни останал во паметење како ден од приказните кои реално ги доживуваме секоја година кога ќе дојде време за прослава на нашиот роденден.

Убавите зборови, желби и честитки, бакнежи, гушкања и прегратки се дел од роденденскиот декор и атмосфера кои секој роденденски славеник ги доживува. Подароците се она другото што за роденден на славеникот му следува. Големи или мали, во предмети или при, помалку или повеќе материјално вредни, најважно е да се подарени со душа, искрено и од срце од оние кои славеникот го даруваат и притоа се’ најубаво му посакуваат.

Роденден слават сите, па и познатите, а роденден и беше и на македонската фолк пејачка,  Сузана Гавазова. Честитки пристигнаа од сите страни, од најблиските и подалечни роднини, пријателите, колегите, до нејзините фанови, обожаватели и следбеници  кои и испратија роденденски честитки преку социјалните мрежи.

Сепак, честитките од децата и саканиот се некако најубави, најблиски, најтопли, најмногу значат и допираат… Секоја на свој начин. А каде што има роденденски честитки има и роденденски подароци.

Сопругот на Гавазова, беше првиот што уште рано наутро тргна да ја изненади со роденденски подарок… А, всушност ја шокираше и вчудоневиди!

Јасмин на својата сакана Сузе и посака добро утро во трпезаријата, па праша кому тоа му е роденден, носејќи голема црвена кутија во рацете. Откако следуваше честитка и сочен роденденски бакнеж, тој и го врачи пшодарокот од кој пејачката буквално падна на га*от… по прв пат тоа утро!

Откако ја отвори кутијата и виде што има во неа, па праша:  „Што е ова?“

А во неа имаше спакувано тазе бурек и шише јогурт. „Мрсен“ роденденски подарок за роденденски појадок.

И додека Гавазова се’ уште не се беше соземала од шокот, следуваше нов… Овој пат, оној – вистинскиот! Како и подарокот!

Голем букет црвени рози  за саканата мадам, а во него скриено едно мало, но вредно кутивче, кое откако го отвори Гавазпова падна на га*от… По втор пат!

Овој пат пресреќна, зашто во него беше нешто што веројатно претходно го посакувала, вредно парче накит! И уште еден роденденско – љубовен „мрсен“ бакнеж како честитка и благодарност!

„Третото полувреме“ од роденденското честитање – не за јавност! Нека и е среќен роденденот, нека е жива и здрава Сузана Гавазова!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana (@suzanagavazova)

Фото: Инстаграм принтскрин/suzanagavazova

Останати вести од Радио Милева