Радио Милева
не е за секого

„Среќа што некои никогаш не станаа популарни“ –  Никола Роквиќ со оваа изјава ги изненади сите (фото)  

„Среќа што некои никогаш не станаа популарни“ –  Никола Роквиќ со оваа изјава ги изненади сите (фото)  

Никола Роквиќ на својот Инстаграм профил објави фотографија од детството и по тој повод ја сумираше својата музичка кариера, но и допре до поединци и нивната популарност.


Никола Роквиќ е на јавната сцена уште од мал, а сето тоа благодарение на неговиот покоен татко, познатиот пејач Маринко Роквиќ.

Никола овој пат на неговиот профил објави црно-бела фотографија од детството, на која се тој, татко му и мајка му и по тој повод даде своја анализа низ што поминал.

– На сцената од мал. Многу ми помогна во работата што ја работам да го набљудувам татко ми и неговата околина, колегите, музичарите, новинарите, текстописците и сите луѓе кои ја сочинуваат сцената… – започна Никола, а потоа додаде:

– Па кога сам ја згазнав ништо не ми беше туѓо, но и ништо сензационално… Фала му на Бога, тоа ме спаси да не бидам маѓепсан од тоа, особено во моите млади години кога ја доживеав популарноста, па верувам дека останав присебен и нормален!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Rokvic (@nikolarokvic)


Никола заклучил дека популарноста не е за секого, и дека би сакал многумина да не ја постигнале.

– Популарноста не е за секого, добро е ако знаеме како да се справиме со неа… Добар инструмент да влијаеме на луѓето и да го промениме светот на подобро, колку што можеме. Имаме и многу примери колку луѓе уништила. Често велам среќа е  некои никогаш да не станеа популарни, можеби ќе останеа нормални и здрави луѓе – заклучи Роквиќ.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Останати вести од Радио Милева