Радио Милева
поддршка од семејтвото

Сопругата на Брус Вилис им се обрати на папараците: „Не викајте по него, ве молиме запрете“ (фото) 

Сопругата на Брус Вилис им се обрати на папараците: „Не викајте по него, ве молиме запрете“ (фото) 

На актерот Брус Вилис (67) неодамна му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција, а неговото семејство му помага во тешките моменти.

Сопругата на актерот Ема Хеминг (44) им се обрати на фотографите на Инстаграм, за да ги замоли повеќе да го разберат Брус и неговата моментална состојба. Таа побара од нив да престанат да „бараат ексклузивци“ од него.

– Знам дека тоа е вашата работа, но можеби треба да се преселиме. Ве молам, немојте да му викате на мојот сопруг или да го прашувате како е или било што. Престанете. Дајте му простор. Нашето семејство или кој и да е со него тој ден нека го однесе безбедно од точка А до точка Б – рече Ема.

Да потсетиме, минатата година на Вилис му беше дијагностицирано нарушување на способноста за зборување – афазија, а минатиот месец неговото семејство откри дека актерот боледува и од деменција. Тој мораше да се повлече од актерството поради болест, а сега времето го поминува со семејството, вклучувајќи ја сегашната сопруга и нивните две деца и поранешната сопруга Деми Мур (60) и нивните три деца.

Фото: Принтскрин/Џон Насион/starmaxinc.com/Инстгарам

Останати вести од Радио Милева