Радио Милева
ќе се изненадите

Со години е иста, а многумина се прашуваат дали направила корекции: Ова е тајната на младешкиот изглед на Лидија Вукиќевиќ (фото)

Со години е иста, а многумина се прашуваат дали направила корекции: Ова е тајната на младешкиот изглед на Лидија Вукиќевиќ (фото)

Актерката Лидија Вукиќевиќ (61) се прослави со улогата на Виолета во „Боље живот“. Таа отворено зборува за парите што ги заработила тогаш, како и за својот изглед кој многу и помогнал во животот.

– Изградив куќа во Голупац од хонорарите во серијата „Бољи живот“ – изјави во една прилика Лидија во емисијата „Шок ток“.

– Благодарение на серијата купив два автомобили од рекламите. Едниот беше за мене, другиот беше за тато – додаде Лидија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lidija Vukićević (@vukiceviclidija)

Често се шпекулира дали отишла под нож поради својот изглед, а таа истакнува дека само едно исправила кај пластичниот хирург.

– Единствено што направив на лицето беше третман во вид на боцкање, кој ја поттикнува работата на колагенот. Ја прави кожата кадифена. Освен тоа, ништо друго не правев, ниту операции. Суштината на мојот младешки изглед е тоа што се негувам од својата 18-та година. Мајка ми беше строга и загрижена за изгледот на мене и на сестра ми, уште како млади девојки почнавме да користиме креми за лице. Покрај генетиката, имам благодарна кожа на мајка ми. Водам здрав живот, не пијам, не пушам, се хранам здраво, а сето тоа резултира со ваков изглед – откри Лидија и додаде дека освен г корекцијата, се друго е природно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lidija Vukićević (@vukiceviclidija)

– Не ја исправам косата, таа е природно виткана. Не ги кубам веѓите, како што гледате. Имам свои нокти, не сакам вештачки. Мои се и забите. Никогаш не сакав да носам коронки и да имам неприродно бели заби. Ги одржувам така што одам на стоматолог на секои два месеци и користам црна паста за забите да останат бели – заклучува актерката.:

Фото: Принтскрин/Instgaram/vukiceviclidija

 

Останати вести од Радио Милева