Радио Милева
вистината е една

Сликите на Инстаграм едно, во реалноста сосема друго: Вака навистина изгледа Адриана Лима (фото)

Сликите на Инстаграм едно, во реалноста сосема друго: Вака навистина изгледа Адриана Лима (фото)

По раѓањето на третото дете, Адријана Лима се соочи со негативни коментари за вишокот килограми кои ги добила за време на бременоста. Некогаш една од најбараните манекенки во светот се повлече од очите на јавноста за да ужива во мајчинството и семејниот живот, а наскоро би можела да се врати на пистата.

Поранешната српска снаа се фрли на строга фитнес рутина и диета за што побрзо да ја врати фигурата од пред бременоста. Се шпекулираше дека направила одредени естетски корекции бидејќи контурите на нејзиното лице видно се промениле.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima)

Нејзините обожаватели не го поздравија потегот, убедени дека е доволно убава и пред интервенциите.
Заносната Бразилка повторно се најде на удар на критики поради лошите коментари кога неодамна се појави на филмскиот фестивал во Венеција. Лима објави фотографии од настанот на кои изгледа фантастично, а јавноста се запраша како можела толку брзо да изгуби тежина.

Сепак, набрзо се испостави дека манекенката претерала во фотошоп. Необработените фотографии од црвениот тепих докажуваат дека Лима сè уште не ја достигнала посакуваната тежина, иако, да се разбереме, таа сè уште изгледа божествено.

Поранешната сопруга на Марко Јариќ беше обвинета дека со лажни слики испратила лоша порака до жените кои се здебелиле по породувањето, дека мора што побрзо да се ослободат од вишокот. Ја критикуваа за премногу филери, но се надеваат дека познатата манекенка ќе сфати дека ништо од тоа не и треба бидејќи и без нив, по сите овие години и три деца, таа е една од најубавите жени на светот.

фото:Profimedia/Instagram

Останати вести од Радио Милева