Радио Милева
на суд

„Следниот пат детето ќе го видиш во центар за социјални работи“: Нова „војна’ меѓу поранешните сопружници Ана Николиќ и Раста (фото) 

„Следниот пат детето ќе го видиш во центар за социјални работи“: Нова „војна’ меѓу поранешните сопружници Ана Николиќ и Раста (фото) 

Деновиве ескалира новата „војна“ меѓу поранешните сопружници, пејачката Ана Николиќ и раперот Стефан Ѓуриќ Раста, а пејачката ја објави преписката што ја имала со него.

Пејачката Ана Николиќ и нејзиниот поранешен партнер, раперот Стефан Ѓуриќ Раста, од бракот ја добија ќерката Тара, но со години се во лоши односи откако раскинаа, а таа сега објави нова преписка со него.

Имено, се чини дека  „војната “ меѓу Ана и Раста  сега ескалираше. Судејќи по преписката која Ана ја сподели на својот Инстаграм поради нивната врска и детето, ќе биде вклучен и Центарот за социјална работа.

„Следниот пат детето ќе го видиш во центар за социјални работи“, напишал Раста.

Покрај фотографијата од преписката Ана напишала и порака дека ќе се пресмета со поранешниот сопруг на суд.

Фото: printskrin/instagram/ananikolicofficial

 

Останати вести од Радио Милева