Радио Милева
Не траеше долго

Секој на своја страна: Ана Николиќ повторно „сингл“ (фото)

Секој на своја страна: Ана Николиќ повторно „сингл“ (фото)

Пејачката Ана Николиќ раскинала со своето момче Немања со кое беше неколку месеци во врска.

Двојката, како што пренесуваат медиумите, раскинала бидејќи имаат премногу слични темпераменти, па во последно време многу се карале.

Ана не сакаше да крие колку е заљубена, па продолжи да објавува видеа и ги игнорираше тврдењата на соседите дека тој е со неа само за негова корист, дека таа му е спас и дека дури и се вселил кај неа.

Никој не беше задоволен од нејзиниот избор на партнер и сите предвидуваа брз крај. Дури и пријателот на Немања за медиумите откри дека пејачката и нејзиното сега поранешно момче се запознале преку социјалните мрежи, дека веднаш кликнале, но дека не мисли дека врската ќе трае долго бидејќи имаат сличен темперамент и дека тој е конкретна личност исто како и Николиќ.

– Немања веќе го нема на мапата. Ана повторно е сама и си го има својот пат. Вози сама и не го спомнува. Се сеќавате дека пред овој дечко имала уште еден, а врската со него траела како јогурт. Не знам дали не можат да го поднесат нејзиниот темперамент и начин на живот или брзо и здосадува се, но знам дека е повторно сингл. Можеби насловите за тоа дека ја искористува ја натерале двапати да размисли со кого е, и затоа го откачила. Некои велат дека повторно е со дечкото, но ништо не е потврдено – изјавил изворот за Курир.

Фото: printskrin/instagram/ananikolicofficial

 

Останати вести од Радио Милева