Мегафон

„Скутина, фута, бовча, диљка“: Мултимедијална изложба на етнокореологот Бојан Петковски во Центарот за култура во Куманово

„Скутина, фута, бовча, диљка“: Мултимедијална изложба на етнокореологот Бојан Петковски во Центарот за култура во Куманово

Во Фоаjето на Центарот на култура „Трајко Прокопиев“ денеска во 13 часот ќе биде отворена мултимедијалната изложба „Скутина, фута, бовча, диљка“, на етнокореологот Бојан Петковски.

Скутината е дел од традиционалната облека која е познат под различна локални имиња: фута, бовча, дипла, скутача, телена диљка, опрегач заен, опрегач преен, бокча, пештемал…

Кон крајот на XIX век носијата била во својот полн сјај, а се карактеризирала со слоевитост во облековните елементи и накитот. Првата визуелна средба меѓу носијата и гледачот, секогаш го насочува своето внимание на скутината. Централно поставена, генерално во големи димензии, таа чинeла голем дел од целокупната слика на носијата. Покрај кај жените во сите етнички, возрасни и социјални категории, скутината е забележана и во голем дел на машката култура на облекување. Во скутините се напластени основните човекови потреби, но и низа скриени знаци.