Мегафон

На 24-ти август во Куманово: “Тумба Фест” по 11-ти пат

На 24-ти август во Куманово:  “Тумба Фест” по 11-ти пат

На 24-ти август, во Куманово ќе се одржи 11-то издание на Фестивалот на новосоздадена шегобијна песна “Тумба Фест”. Организаторите  откриваат дека годинава фестивалот ќе се одржи на отворено, односно, на плоштадот во центарот на градот каде пред кумановчани, а и пред присутната публика ќе се промовираат нови 21 шегобијна песна.

Ќе се пејат песни на кумановски дијалект, битолски, прилепски, струмички, кривопаланечки… и многу други дијалекти ширум Македонија. Освен изведувачи од македонската музичка сцена, организаторот најавува и музички гости од Србија, Бугарија, Швајцарија и Шведска.

Генерален спонзор на овогодинешното фестивалско издание е Општина Куманово, аМакедонската телевизија  ќе го снима и ова фестивалско издание.