Радио Милева
паника во јавниот живот

Скандали, афери, местенки, измами, секс, дрога, криминал… Сораја објавува автобиографија – никој нема да биде поштеден!

Скандали, афери, местенки, измами, секс, дрога, криминал… Сораја објавува автобиографија – никој нема да биде поштеден!
Српската старлета Сораја  Вучелиќ ќе пишува книга за скандалите од својот живот во кои се вмешани голем број на бизнисмени, политичари, спортисти, пејачи и актери.
Српската  естрада е во паника бидејќи популарната старлета Сораја пишува автобиографија. Таа одлучила да ја заинтригира јавноста со детали од својот живот за кој официјално не се знае речиси ништо, а низ анегдоти ќе спомене и бројни јавни личности.

Познато е дека таа се дружи со најмоќните и најпопуларни лица во Србија. Со сите минала низ разни ситуации за кои ќе пишува во својата автобиографска книга.

Толку многу се пишуваше и зборуваше за мене што мислам дека е жално да не објавам книга. Некогаш не бев во ситуација да одговорам на некои прозивки или трачеви, па така сега вистината за сите нив ќе биде обелоденета“ – најви Сораја.

Таа планира да открие кој стои зад  палењето и уништувањето на нејзините скапи автомобили, за врските со многу контроверзни лица од политиката, криминалот, подземјето, бизнисот, естрадата…

Сораја е свесна дека книгата ќе предизвика вистински хаос, но вели дека воопшто не ја интересира што јунаците од нејзините приказни не сакаат некои тајни да се дознаат.

„Навистина ми е жал што некои нема да можат мирно да спијат пред, а и откако книгата ќе ја здогледа светлоста на денот. Ќе има и такви на кои нема да им биде добро кога ќе се промовира романот. Секој по заслуга. Постојат личности кои многу ми згрешиле, па редно е некои работи да бидат разјаснети. Ќе има и случки и личности кои само ќе бидат споменати, за читателите самите да погодуваат за која личност станува збор. За оние кои преку мојот грб сакаа маркетинг ќе има посебно поглавје“ – додава Сораја.

Сораја вели дека уште на самиот почеток се соочува со „проблем“ бидејќи имала доволно материјал за два романи, па доколку се’ се смести во еден, ќе останела недокажана. Затоа можни се и неколку продолженија на нејзините автобиографски случки, кои како што самата Сораја тврди,  никој жив нема да може да го сопре нивното издавање или да ги цензурира.

„Јас сум самата господар на својот живот и го живеам како што сакам, никој не може да ми се меша“ – децидна е старлетата.

Останати вести од Радио Милева