Мегафон
распродаден...

Се бара влезници повеќе за новогодишниот концерт на Лозано во Битола!

Се бара влезници повеќе за новогодишниот концерт на Лозано во Битола!

Како што повеќето од вас знаат, нашата најголема машка музичка ѕвезда, Влатко Лозаноски – Лозано за дочекот на најлудата ноќ ќе ги забавува битолчани. Популарниот Лозано ќе одржи тричасовен концерт во хотелот „Епинал“, еден од симболите на градот на конзулите.

Покрај неговите најголеми хитови, пејачот ќе пее познати песни и од неговите најпопуларни колеги од регионот.

Инаку, Влатко во Битола ќе настапи со неговиот бенд, а она што е важно да се спомене е тоа дека влезниците за овој настап се распродадоа за само неколку дена по објавувањето.

Фото: Инстаграм принтскрин/vlatkolozanoski