Живот и Стил

Само една земја во светот не ја загадува планетата, а садат 50 илјади дрва за еден час!

Само една земја во светот не ја загадува планетата, а садат 50 илјади дрва за еден час!

Речиси сите држави во светот емитуваат повеќе јаглен диоксид отколку што шумите може тоа да го апсорбираат. Меѓутоа една држава е поинаква.

Бутан е единствената земја која најмалку го загадува воздухот и влијае на климатските промени.Оваа независна држава има околу 800.000 жители, a нејзината посветеност во одржувањето на здравата животна средина стана дел од националниот идентитет.

За „National Geographic“, премиерот на Бутан пред две години изјави дека владата и нејзините монаси успешно работат на балансирање на економскиот раст и зачувување на животната средина.