Радио Милева
две тела - една душа...

Росана и Маријана, одново заедно: Признавам, не можам без тебе… (ФОТО)

Росана и Маријана, одново заедно: Признавам, не можам без тебе… (ФОТО)

Сестрите – близначки Маријана и Росана во 80-тите години беа едни од најпопуларните македонски пејачки. По заминувањето на Маријана во Австралија каде и денес живее, Росана продолжи соло, но овој пат во фолк водите каде исто толку беше успешна во 90-ите, за потоа преку ноќ да ја снема и буквално „да исчезне“ од естрадата.

Неодамна се слушнаа гласини за нејзино враќање, кои ги потврди и самата Росана, дека снима нова песна во студиото кај Александар Митевски, која е одново забавна, како што самата ќе каже, шлагер од кој „боли глава“!

Се крчка нешто нешто ново, боли глава од убавина. Прекрасен шлагер и врвен професионалец, Александра Митевски. Со песната ќе одиме на…Малку нека ве копка“-  вели Росана, која не сака да отрива каде ќе насатпат со новата песна и кога конечно ќе се појави во етерот.

И додека нам ни останува да „не копка“ додека не слушнеме за што се работи, Росана деновиве доживеа радост голема, иста онаква каква што секогаш доживува кога ќе се спои со своето второ јас! Нејзината сестра – близначка Марјана е на гости во Македонија.

Средбата на двете близначки емотивна, исполнета со среќа и љубов, каква што не може да се опише. Туѓината пуста да остане, ама затоа пак радоста е голема како Австралија кога одново ќе се сретнеме. Вака отприлика би можело да се опише новото видување, новата средба на двете сестри, кои животната судбина ги раздели да живеат илјадници километри далеку една од друга, во две разделени тела споени во една душа.

Летните горештини во Скопје се неподносливи, па затоа сестрите решија викендот да го минат во природа, во околината на главниот град, разгледувајќи ги и уживајќи во убавините на Матка.

Прошетка со кајче по езерото, одмор покрај Треска, разгледување на пештерата „Врело“, и размена на мноштво муабети, евоцирање спомени и дузина заеднички фотографии!

Од сето тоа можеби ќе се изроди и нова, овојпат заедничка песна, како оној, легендарниот макфестовски евергрин!

Зашто каде и да е едната, една без друга се како половина душа…

А, цело е само кога двете близначки се заедно. Впрочем оддамна самите испејаа: „Признавам, не можам без тебе…!“

 

Останати вести од Радио Милева