Радио Милева
Среќен роденден!

Роденденска забава во двор за малиот Каи: Актерката Нина Деан е згодна мама со преслаткото синче во рацете (фото)

Роденденска забава во двор за малиот Каи: Актерката Нина Деан е згодна мама со преслаткото синче во рацете (фото)
фото:нина деан/инстаграм принтскрин

Изминатиот викенд беше еден од најсреќните за младата актерка Нина Деан и семејството – славеа роденден!

Помина една година откакоНина Деан на свет го донесе своето синче и се реализираше во улогата на мајка.

Малиот Каи е потпораснат и пресладок, а мама и тато му огранизираа роденденска забава во двор меѓу најблиските.

фото:нина деан/фејсбук

Торта со две пингвинчиња, балони, играчки и секако многу, многу радост, насмевски и неизмерна среќа.

Инаку, мама Нина уште во првите денови по пристигнувањето од породилиштето, па и подоцна, редовно и го покажуваше наследникот на јавноста преку социјалните мрежи.

фото:нина деан/фејсбук

Сега, ужива во мајчинството, да го негува, гушка, гали, бакнува, фотографира… своето малечко синче со уникатно име Каи.

Инаку, Нина во текот на целата бременост не беше резервирана и често објавуваше фотографии од трудничкото стомаче. Нешто пред породувањето таа го доби и свршеничкиот прстен од својот сакан.

Останати вести од Радио Милева