Живот и Стил

Рецепт за „превртен“ колач од јаболка чиј вкус долго ќе ви „шета“ по мислите

Рецепт за „превртен“ колач од јаболка чиј вкус долго ќе ви „шета“ по мислите

Кога ќе се спомнат десертите од јаболко, гурманите и љубителите на слатко главно се сеќаваат на оние стари рецепти.

Еден таков рецепт во којшто главната состојка е токму јаболкото, е т.н. обратен колач.

Рецептот е многу едноставен, а се подготвува од основни состојки.

Состојки:
– три јајца;
– 150 грама брашно;
– една лажица прашок за печиво;
– 70 грама шеќер;
– една ќесичка ванилин шеќер;
– 100 грама стопен путер;
– три јаболка;
– три лажици шеќер;
– цимет.

Подготовка:
Во еден сад со миксер матете ги јајцата, ванилиниот шеќер и обичниот шеќер. Потоа додадете го брашното, прашокот за печиво и повторно матете со миксер.

На крај додадете го стопениот путер и матете додека не добиете еднаква смеса.

Потоа излупете ги јаболката и исечете ги на коцки. Калапот обложете го со хартија за печење. Распоредете ги јаболката, посипете ги со шеќер и цимет и измешајте. Потоа прелијте ги со смесата која претходно ја матевте.

Печете го колачот на 180 степени Целзиусови во претходно загреана рерна, околу 30 минути. Кога колачот ќе биде готов, внимателно извадете го калапот од рерна, па свртете го на другата страна и вратете го во рерна да се пече уште 3 минути за колачот да добие крцкава кора.

На здравје!

извор:точка.ком.мк