Радио Милева
младата пејачка му се спротистави на раперот

„Реља Поповиќ е многу тежок човек, но го прифаќам предизвикот“

„Реља Поповиќ е многу тежок човек, но го прифаќам предизвикот“

Српската пејаќка Теодора Џехверовиќ, која е и IDJCouch во регионалната трка за талент на IDJShow го откри своето мислење за својот колега.

Теодора, Реља и Дарко Димитров изминатите три дена имаше прилика да ги гледа во улогата на жири  на регионалното шоу.

Таа таму ги дозна нивните ставови околу тоа што треба да поседува еден кандидат за да биде музичка ѕвезда.

Теодора ги коментираше своите колеги а прв кој го искоментира беше Реља Поповиќ

-Сигурна сум дека секое второ дете кое се пријавило на ова натпреварување го смета Реља како свој пример. Прв впечаток ми е дека тој е многу тешка личност, но јас сакам предизвици и со задоволство ќе се натпреварувам со него, рече Теодора.

Но и Реља не и остана должен па и тој кажа што мисли за неа.

-Тоа што највеќе го ценам кај Теодора е нејзиниот голем труд, работа, желба, упорност и истрајност. Тие нејзини карактеристики се причина зошто она е на местото на кое е денес, па затоа ми е мило што заедно учествуваме во креирањето на новите генерации, истакна Реља, а за Дарко Димитров имаше само пофални зборови.

Дарко Димитров кратко кажа дека Реља и Теодора се пример како со многу работа можеш да успееш.

-Ништо не им паднало од небо, туку работеа напорно и успеаа, рече Димитров.

Teodora Džehverović Foto: IDJTv

Останати вести од Радио Милева