Живот и Стил

Рецепт за супа со кнедли од сирење

Рецепт за супа со кнедли од сирење

Малку поинаков вкус на познатата домашна супа со кнедли.

Потребни состојки:
100 грама тврдо сирење
50 грама брашно
5 компири
1 морков
1 кромид
1 јајце
1 лажица путер
2 литри вода
сол, црн и црвен пипер

Начин на подготовка:
Изрендајте го сирењето во еден сад, додајте ги јајцето, путерот, солта и црниот пипер и промешајте. Додајте го брашно, промешајте и оставете ја смесата да отстои 10 минути.

Во меѓувреме, испржете ги кромидот и морковот во тенџере. Потоа додајте ги ситно сечканите компири. Кога сè ќе се испржи, додајте ги брашното и црвениот пипер и турете вода. Зачинете по вкус и оставете да се готви.

Кога супата ќе зоврие, вадете ги кнедлите со лажица и ставете ги во суптаа. Кога кнедлите ќе се зготват, супата е подготвена за сервирање.

извор:кафепауза.мк