Радио Милева
му се допаѓаат девојки само до 25 години

Пукна тиквата: Леонардо Ди Каприо раскина со девојката (фото)

Пукна тиквата: Леонардо Ди Каприо раскина со девојката (фото)

Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо (47) повторно е сингл. Имено, познатиот заводник стави точка на долгогодишната врска со својата девојка, манекенката Камила Мороне (25).

Упатените блиски до холивудската ѕвезда тврдат дека Лео и Камила ја прекинале врската на почетокот на летото, пренесуваат странските медиуми.

„Нема лоши чувства меѓу нив. Едноставно дојде до својот природен крај“, велат добро упатени извори.

Иако ова раскинување изгледа доста вообичаено, особено во Холивуд каде врските со познатите личности постојано се несигурни.. Имено, уште во 2019 година имаше гласини дека Леонардо ќе ја напушти Камила точно во 2022 година, кога таа ќе наполни 25 години.

И навистина, Камила во јуни годинава го прослави својот 25 роденден, а набргу потоа беше оставена. Звучи бизарно, но краткиот осврт на љубовниот живот на познатиот актер јасно покажува дека тој никогаш во животот не се забавувал со жена која има повеќе од 25 години – тоа е горната граница.

Овој факт до таа мера ги забавува корисниците на социјалните мрежи што со години кружи дури и графика која дава увид во тврдењата дека на Лео едноставно му се допаѓаат само жени во раните 20-ти. Таа информација дури стана редовна шега во Холивуд – ја спомна и Ејми Шумер при доделувањето на овогодинешните Оскари, пишува Блиц Жена.

Да потсетиме, парот почна да се забавува во 2017 година, кога манекенката имаше само 19 години, а Лео кој е 22 години постар веќе го прослави својот 41 роденден. Но, нивното запознавање оди уште подалеку во минатото – имено, Камила и Леон се познавале кога таа била само девојче, бидејќи актерот бил семеен пријател на нејзиниот очув, Ал Пачино.

Ниту еден од нив не ја коментирал својата љубов во јавноста, а се шпекулира дека тоа се должи на тоа што девојките на Лео потпишале договор за доверливост. Меѓутоа, во 2019 година, Камила во едно интервју накратко ја коментираше нивната разлика во години, велејќи дека „секој треба да излегува со кого сака“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Camila Morrone (@camilamorrone)

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Камила Мороне/Профимедиа

Останати вести од Радио Милева