Радио Милева
забележани

Бредли Купер и Џиџи Хадид во врска: Популарната манекенка и актерот фотографирани заедно (фото)

Бредли Купер и Џиџи Хадид во врска: Популарната манекенка и актерот фотографирани заедно (фото)

Бредли Купер и поранешната девојка на Леонардо ди Каприо, популарната манекенка Џиџи Хадид постојано се под будното око на светската јавност.

Имено, во изминатиот период актерот и манекенката во неколку наврати беа видени заедно, па нивниот контакт почна да ја интригира јавноста, а за нивната наводна врска на големо се зборува.

Бредли Купер и Џиџи Хадид се појавија во четвртокот на специјална вечера во Њујорк, каде не останаа незабележани.

Папараците ги фотографирале манекенката и актерот кога излегле од ресторанот.

Љубовниот живот на контроверзната манекенка Џиџи почна да ги интересира светските медиуми уште од моментот кога пред неколку месеци ја прекина врската со актерот Леонардо ди Каприо, а изгледа дека сега си најде нова љубов.

Од друга страна, Бредли Купер бил во емотивна врска со познатата Ирина Шајк.

Фото: Принтскрин/Профимедиа

Останати вести од Радио Милева