Радио Милева
изгледот и е пресуден

Рада Манојловиќ бара момче за женидба: „Ми недостига љубов…“

Рада Манојловиќ бара момче за женидба: „Ми недостига љубов…“
фото:рада манојловиќ/инстаграм принтскрин

За Рада Манојловиќ е познато дека со години е без партнер и дека целосно и се посвети на кариерата. Сега пејачката за првпат откри дека се плаши од осаменоста и дека мисли дека е време да се омажи,но ид дека моменално не е заљубена.

– Во моментов не сум, но мислам дека кога ќе се случи и ќе почувствувам дека тоа е тоа, ќе сакам посериозни работи. Не би сакала да го поминам животот сама, Се плашам од осаменост и мислам дека сега е време да се омажам и да имам семејство. Кога ќе се вратам дома од шоу и ќе легнам, не можам да ги гушнам песните. Успехот и публиката се убави, но ако немате со кого да го споделите, која е поентата? Јас сум пчена работничка, порано не се чувствував така бидејќи постојано бев „во машина“. Благодарна сум за интересот на публиката за мене, но ми недостасува семејството и љубовта.

Важите за една од најубавите и најзгодните пејачки, зошто се уште сте сингл?
– Проблемот е само во мене. Дедо ми убаво ми рече после првото, второто, третото: „Ако не ти се допаѓа ниту еден, тогаш ќерко, до тебе е“. Очигледно фантазирам… стареам, сакам да се смирам, некој да ме разгалува и чува, за да не морам веќе се’ да правам сама. Некој треба да ме скокотка и разгалува.

Што мора да има мажот за да ве освои?

-Нема да лажам, физичкиот изглед ми е најважен. Имаше многу добри момци кои се обидуваа да ме освојат, но ако нема „хемија“, се е за џабе. Не можам да се заљубам во добрина. Тој мора да има очи во кои ќе се видам само себеси и целиот свет. Мора да е и убав и згоден! Сакам да му завидувам на изборот на партнер, но важно ми е некој да преземе дел од мојот товар, обврски, да одиме на ист пат кон заедничка цел.

Рековте дека повеќе не ве интересираат долги врски?

– Затоа што сум свесна колку години имам. Видов дека долгите врски може да завршат катастрофално, не само во мојот случај. Такви примери имав и во семејството и меѓу пријателите. Не ја разбирам поентата на состанувањето повеќе од две години, бидејќи ако ништо конкретно не се случило дотогаш, тогаш нема да биде. Нема да ги советувам младите да брзаат ако уживаат во „пешачењето“, нема ни да туркам, но време е за нешто конкретно кога станува збор за мене, завршува Рада, а пренесува Курир.рс

фото:Instagram printscreen/ radamanojlovic

Останати вести од Радио Милева