Мегафон

Првиот техно фестивал „Аманет“ во Охрид

Првиот техно фестивал „Аманет“ во Охрид

Првото издание на фестивалот „Аманет“ ќе ја има честа да го отвори еден од омилените диџеи за македонската публика, човекот кај кого забавата е загарантирана – холандската ѕвезда Метју Декеј – порачаа организаторите на новиот фестивал.

„Нашите планови и амбиции се да прерасне во фестивал кој ќе биде препознатлив белег на македонската урбана и прогресивна сцена, градот Охрид и Македонија! Како значаен дел од глобалните светски трендови на целосно музичко доживување се потрудивме да понудиме ексклузивна, квалитетна и фестивалска програма. Сеопфатен настан кој за првпат се случува кај нас“, велат тие.

Програмата ќе се одвива од 26 јули до 3 август на плажата Градиште 2, како и забави на бродот „Галеб“, а затворањето ќе биде со забава на зајдисонце во „Долни Сарај“. Меѓу досега најавените имиња се и украинското дуо „Артбат“ и англискиот диџеј и продуцент Ник Фанчули, а допрва се очекуваат и имињата на домашните ѕвезди што ќе го збогатат ова прво издание на „Аманет“.

Поединечните и блок-влезниците за фестивалот се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, како и онлајн на kupikartizase.com.