Радио Милева
оставил аманет

Желбата на Лаушевиќ била да го испратат во вечниот дом онака како што живееше: „Мирно и тивко“

Желбата на Лаушевиќ била да го испратат во вечниот дом онака како што живееше: „Мирно и тивко“

Жарко Лаушевиќ не напушти на 15 ноември, во тишина на 64-годишна возраст, а неговото заминување го остави целиот регион во солзи.

Познатиот актер, Жарко Лаушевиќ зад себе остави бројни улоги по кои ќе го паметиме, а животот го помина во изолација, без преголема медиумска експонираност. Додека многу познати личности со болка се простуваат од Лауш, се шпекулира каде ќе биде погребан актерот. Како што се наведува, го чека неговото место во Алејата на заслужните граѓани, а конечната одлука треба да ја донесе семејството.

Како што пренесува „Курир“, драмскиот уметник Жарко Лаушевиќ изразил желба да биде испратен во вечното почивалиште онака како што живеел – тивко и повлечено.

Актерот му оставил аманет на семејството да биде кремиран и неговиот погреб да биде во Белград. Инсистирал погребот да се одвива без големи церемонии и говори, во најтесниот круг на блиски луѓе, потврдил изворот за споменатиот портал Лаушевиќ, кој е роден во Цетиње, поголемиот дел од кариерата го помина врзан за Белград, па неговата желба не изненадува.

Во чест на драмскиот уметник ќе се одржи комеморација на која ќе говорат пријатели и колеги, а од него ќе можат да се простат сите почитувачи на неговиот лик и дело.

Фото: Принтскрин/Ата Имаџес/Дамир Дервишагиќ/

Останати вести од Радио Милева