Радио Милева
провала или итрина?

Прија го избриша својот Инстаграм: Лута што и ја „провалија“ новата песна или само маркетиншки потег пред нејзината официјална промоција? (ФОТО)

Прија го избриша својот Инстаграм: Лута што и ја „провалија“ новата песна или само маркетиншки потег пред нејзината официјална промоција? (ФОТО)

Пејачката Александра Пријовиќ од својот Инстаграм профил ги избришала сите нејзини фотографии, како и фотографиите на кои била означена.

Овој потег ги натера нејзините следбеници да се запрашаат што се случува со пејачката и зошто се одлучила за вакво нешто, со оглед на тоа дека знаат дека таа особено е активна на Инстаграм и често споделува различни моменти од своето секојдневие со нив.

Многу светски личности ги бришат објавите за да привлечат што поголемо внимание и да ја заинтригираат јавноста што тоа се случува со нив, особено пред објавувањето на нивните албуми.

Сега, очигледно истото го прави и Пријовиќ која го најави новиот албум многу наскоро.

Инаку Пријовиќ неодамна преку своите Инстаграм приказни откри дека доживеала голема непријатност откако нејзината нова песна била осамна во јавноста без нејзина дозвола.

„Криво ми е што немав можност да ја презентирам оваа песна и целиот проект на начин на кој го имав замислено. Поради целата ситуација променет е терминот за официјално објавување на песната и во наредните неколку дена ќе ве известам за новиот датум“ – објави таа.

Фото: Инстаграм принтскрин/aleksandraprijoviic

 

Останати вести од Радио Милева