Мегафон
клубска сцена

Предвелигденска забава: Лозано со настап пред кумановската публика!

Предвелигденска забава: Лозано со настап пред кумановската публика!

По пауза од речиси три години популарниот пејач Влатко Лозаноски – Лозано ќе настапи  во Куманово. Последниот негов натап беше во 2019 година, а овојпат неговата средба со кумановската публика е закажана за  петок, на 22-ри април, кога Лозано и неговиот бенд ќе настапат во дискотеката „Club Space Premium“.

Интересот очекувано е огромен, па поради тоа организаторите очекуваат влезниците да се распродадат за рекорно време во наредниве еден-два дена.

Инаку неодамна  Лозано ја промовираше и својата најнова песна „После полноќ“ и буквално ја изненади публиката со новиот модерен звук.