Радио Милева
анкета

Познатите македонски естрадни личности едногласни за можноста да се купи верификацијата на Инстаграм: „Тоа е лечење на комплекси“! (ВИДЕО)

Познатите македонски естрадни личности едногласни за можноста да се купи верификацијата на Инстаграм: „Тоа е лечење на комплекси“! (ВИДЕО)

Ако имате бизнис профил на Инстаграм или само свој личен профил преку кој попатно го промовирате вашиот бизнис, сигурно барем еднаш сте се запрашале дали верификацијата на Инстаграм има смисла. Тоа добро познато сино знакче е едноставно за верификација и најчесто ќе го видите покрај името на јавните личности, фирми и брендови за да докажете дека тие стојат зад профилот, односно дека профилот е автентичен. Ова е одлично за корисници кои сакаат да прават разлика помеѓу вистински и лажни профили.Корисниците на платформите Инстаграм и Фејсбук можат да платат за таа верификација, односно синото знакче, објави матичната компанија Мета.

Неговата услуга Verified чини 11,99 долари месечно или 14,99 долари за корисниците на iPhone.

Екипата на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ истражувааше токму на оваа тема, па праша дел од нашите естрадни личности: „Дали со плаќањето верификација се (из)губи смислата?“

Во видеото подолу погледнете ги одговорите:

Останати вести од Радио Милева