Радио Милева време за него

Познатите досега споделуваа лични информации за себе, а сега почнаа и за своите миленичиња: Миа Костова ги замоли сите да го направат ова  (фото) 

Познатите досега споделуваа лични информации за себе, а сега почнаа и за своите миленичиња: Миа Костова ги замоли сите да го направат ова  (фото) 

Ако досега Инстаграм на познатите инфлуенсери/ки им служеше за споделување на моменти од нивниот живот, покажувајќи со што се подновиле, каде биле на шопинг, што употребуваат за разубавување, но и да откријат што повеќе лични лични за себе, со цел да ги запознаат што подобро, сега преминаа и на своите миленичиња разоткривајќи  ги и нив.

Една од нив е македонската екс ТВ водителка, а сега една од најпознатите наши инфлуенсерки, Миа Костова.

Таа неодамна им се заблагодари на фановите дека е многу задоволна од бројката на прегледи кои постојано се зголемува, а така добива и се поголема мотивација за работата од која добро заработува.

Миа секогаш има нешто ново да открие од нејзиниот личен живот што досега јавноста не го знае, но сега ги изненади нејзините следбеници и со нив сподели информации за нејзиното домашно милениче, кученцето Беба.

Миленичето од расата малтезер често го споделува на фотографии, бидејќи го носи секаде со неа каде и да патува а сега напиша:

– Ве молам направете го ова за вашето домашно милениче, па ќе можеме да прочитаме сè за нив!

Па така, дознавме нешто повеќе  и за него како тоа која му е омилена храна, колку е старо и која е омилената работа што сака да ја прави, но и кој е неговиот најголем страв.

– Се вика Беба, од расата малтезерка, старост е скоро 5 години, омилена човечка храна му е кашкавалче, најголем страв за  него е правосмукалката, омилено нешто му е  да трча на трева во круг и да спие цел ден, омилени играчки нема бидејќи не сфаќа за што слушат, спие каде сака, се вози во кола без проблем  и по 12 саати, и никогаш не хрчи – откри таа, а во позадина секако ја одбра најубавата фотографија од миленичето.

Миа е горда на своето милениче, а сега докажа и колку го сака и ужива во негово друштво посветувајќи му се целосно и оддано, откривајќи ги неговите особини, бидејќи тоа и го разубавува животот.

Фото: printskrin/instagram/miandrija

To top