Радио Милева
во секоја шега, половина вистина?

Познатиот политички новинар Драган Павловиќ Латас кај Снеже Велков во емисија објасни како ги викал бабата и дедото, а реакцијата на водителката беше: „Нееее… не го правете ова по дома“! (ВИДЕО)

Познатиот политички новинар Драган Павловиќ Латас кај Снеже Велков во емисија објасни како ги викал бабата и дедото, а реакцијата на водителката беше: „Нееее… не го правете ова по дома“! (ВИДЕО)

Македонската пилатес инструкторка Снеже Велков, со полна пареа и во полн сјај се врати на старата професија – ТВ водителството. Нејзината нова емисија „нешто конкретно“ ја турка и втората сезона, а лицата кои и доаѓаат на гости се важни и значајни луѓе, познати личости, јавни фаци, популарни естрадни ѕвезди… Ликово од сите можни профили кои имаат што да кажат и раскажат, да одговорат на некои работи што сите ние добро ги знаеме, ама за нив ни се непознати.

Најчесто се тоа прашања од обичниот живот и разни животни ситуации на сите, но секако многу поинтересно и позанимливо е кога тоа нешто, конкректно ќе го слушнете од некој кој е јавна личност. Та било тоа и најобична работа која по дома, можеби не ја ни забележувате или ситуација на која не и придавате никаква важност. Ама кога ќе ја каже и раскаже некој познат, тоа добива друга димензија. .

Во една од последните емисии кај водителкатакако исекогаш  на гости и дојде „одбрано друштво“  во кое еден познат новинар со баеги минат труд, ТВ лик кој со години го гледавме на екраните како уредник и водител на вестите на ТВ Сител. Последниве години повлечен од телевизијата, освен кога не е како во оваа пригода некаде гостин, посветен на онлајн новинарството и присутен на неколку македонски портали со своите текстови и колумни.

Оој пат, Драган Павловиќ Латас не „бистреше“ политика и не мудруваше во ТВ дебата, туку дебатиираше за животните прилики и навики со водителката и нејзните останати гости.

Арно ама дојде време да се проговори за женачката и мажачката, за младите години и сватоштините, па Латас на едно навидум обично прашање, во свој стил даде мошне необичен шеговит одговор. Е сега, дали како што вели онаа познатата, во секоја шега има половина вистина…? Си знае само шегаџијата!

Имено, Снеже Велков го праша новинарот, своевремено како тазе женет,  како им се  обраќал на родителите на сопругата, а Латас ги шокираше сите во студиото. Што одговори на прашањето, погледнете во видеото подолу… Само да ви кажеме дека реакцијата на водителката беше: „Нееее… Не го правете ова по дома“!

Фото: Инстаграм принтскрин/

Останати вести од Радио Милева