Радио Милева
опседнат со неа

Познатиот актер има нова девојка: Том Круз по 15 години повторно во романтична врска (фото)

Познатиот актер има нова девојка: Том Круз по 15 години повторно во романтична врска (фото)

Круз (61) најде љубов во прегратките на руската богаташка Елсина Керова, ќерка на истакнат пратеник во рускиот парламент и поранешна сопруга на олигархот Дмитриј Цетков.

Парот бил забележан заедно на престижна забава во Лондон, а извори тврдат дека биле многу блиски.

“Тие беа неразделни, очигледно се пар. Тој изгледаше опседнат со неа”, изјавил неименуван извор за Дејли Мејл, кој бил и самиот на забавата, за која посочува дека речиси целосно била полна со руски гости.

Изворот потврдил и дека парот се појавил на забавата околу 21 часот, и дека заедно танцувале на иста забава и си заминале дури во раните утрински часови.

„Круз беше многу пријателски настроен кон сите; тие постојано бараа да се фотографираат со него, но тој учтиво ги одби. На крајот, диџејот мораше да каже на руски дека господинот Том Круз не сака да се фотографира. Тој го помина поголемиот дел од ноќта танцувајќи со Елсина, но во еден момент само се вметнал среде група други жени“, рекол извор од местото на настанот.

Елсина, инаку е британска државјанка, претходно беше во брак со рускиот тајкун Дмитриј Цетков, со кого имаа неверојатно богатство – вила од 22 милиони фунти во Сари и куќа од 18 милиони фунти во Лондон. Сопружниците поседувале и имот во Дубаи и Кипар, како и скапи автомобили, накит и колекција на скапи уметнички дела.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Cruise (@tomcruise)

Да потсетиме, познатиот актер не е јавно романтично поврзан со никого веќе 15 години, односно од разводот со третата сопруга Кејти Холмс. Имаше шпекулации дека се забавува со Шакира и неговата колешка од „Mission: Impossible“, Хејли Атвел, но тоа остана само гласина.

 

Фото: Принтскрин/ Instagram/elsina_k

Останати вести од Радио Милева