Радио Милева
на работ на „(с)експлозија“...

Нека трепка: Со еротска слика, Мелита реши 2022-ра да ви ја честита (ФОТО)

Нека трепка: Со еротска слика, Мелита реши 2022-ра да ви ја честита (ФОТО)

Најпознатата македонска трендсетерка и некогашна ТВ водителка во новата година влезе со секси фотосесија и ја започна со еротска честитка!

Мелита  како искусна и долгогодишна Инстаграмџика, сподели серија новогодишни фотографии со кои одново ги заскокотка машките фантазии.

Овој опат Дедо Мраз го немаше, а ниту таа самата пак не беше облечена каоо баба мразица, но затоа пак она што како телесен раскош, што дараба од мајката природа, што со естетска надградба на себе го има,  одново призвика „лудница“ на социјалните мрежи.

Како и не би, кога иако доволно облечена за ништо експлицитно да не се види, сепак доволно разголена и повеќе од провокативна, Мелита предизвика да и се се активираат сите сетила на машката популација.

Во домашна атмосфера седната во фотелја, во сребрено мини фустанче во различни пози кои доволно ги откриваат бујните атрибути на скопската убавица, будејќи желба кај вистинските мажи, токму таа да биде нивната баба мразица!

Она што широкото деколте го нуди на увид, срамежливо го надополнува она што ѕирка под кусото светкаво фустанче.

Со секоја од провокативните пози, Мелита своите следбеници ги вози до крајната возбуда, во која она што нејзините разголени прекрстени нозе го нудат, прави да „полудат“!

И кога ќе останат така подзинати, веќе доволно опиени од волшебната глетка, расната секси трендсетерка им ја упатила нејзината новогодишна честитка за среќна Нова 2022-ра година, токму од местото на кое се фокусира нивниот поглед како низ двоглед.

Патем, Мелита до сите нив со лична порака им ја пониди „целата слика“ на увид, која според нејзино сознание, привлекла големо внимание.

За да не биде дека оние со послаб вид се оштетени, ние решивме малку фото-честитката да ја оплемениме и да ја зголемиме, за да можат сите убаво да видат на мира, од што тоа на македонската секс бомба,  Инстаграмот ќе и експлодира?

Ако добро видовте без да трепнете, оставете… нека трепка. Среќна Нова 2022-ра!

Фото: Инстаграм принтскрин/melitameli

Останати вести од Радио Милева