Радио Милева
ја зголеми загриженоста

Позната актерка почина на 32 години од рак откриен во последната фазa (фото)

Позната актерка почина на 32 години од рак откриен во последната фазa (фото)

Манекенката, актерката и интернет личноста Пунам Панди почина на 32-годишна возраст, откако се бореше со рак на грлото на матката.

Ова ја зголеми загриженоста за недостатокот на свест за ракот на грлото на матката, потребата за превенција и стигмата околу него, иако постои вакцина против ХПВ.

Нејзиниот менаџер изјави дека на актерката пред извесно време и бил дијагностициран рак во терминална фаза.

Ракот на грлото на матката е втор најчест рак кај жените во Индија. Според извештајот на СЗО објавен на 1 февруари, бројот на нови случаи на рак на грлото на матката кај Индијките е 17,7 отсто.

– Ова утро е тешко за нас. Со длабока тага ве известуваме дека ја загубивме нашата сакана Пунам поради рак на грлото на матката. Секоја жива форма што некогаш дошла во контакт со неа била дочекана со чиста љубов и добрина. Во ова време на тага, би побарале приватност додека со задоволство се сеќаваме на неа по сето она што го споделивме – се вели во соопштението објавено на официјалниот Инстаграм профил на Пунам Пандеј.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Poonam Pandey (@poonampandeyreal)

Многу обожаватели изразија неверување на веста бидејќи не можеа да поверуваат дека младата актерка починала и беа убедени дека се работи за шега.

„Почина? Се надевам дека ова не е лажна или смешна објава“, „Се надевам дека не е некој маркетиншки трик, бидејќи е лош вкус, но ако е вистина, почивај во мир“, „Лага е, јас сум во шок, тоа е невозможно“, се дел од коментарите под објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Poonam Pandey (@poonampandeyreal)

Фото: printskrin/instagram/poonampandeyreal

Останати вести од Радио Милева