Радио Милева
нова одлука

Повторно пресврт: Судот и го врати старателството над синот на Северина на денот на неговиот роденден (фото)

Повторно пресврт: Судот и го врати старателството над синот на Северина на денот на неговиот роденден (фото)

Откако одлуката на  судот во Хрватска  со која и го одзема старателството над синот на Северина предизвика големо внимание, сега дојде до пресврт.

Само дваесет дена по одлуката на Врховниот суд, кој ја прифати ревизијата и ја укина одлуката на Жупанискиот суд во Сплит поврзана со старателството на Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ над нивниот син, а старателството целосно му го врати на таткото, се случи уште една пресврт во случајот.

Како што наведуваат хрватските медиуми, синот ѝ е вратен на Северина.

По тој повод се огласи пејачката.

„Не очекував дека Судот во Сплит толку бргу ќе ја донесе новата одлука, зашто досега, во мојот случај, односно во случајот на моето дете се одеше бавно, многу навреди и корупции“, рече Северина.

Пејачката ја потврди оваа вест, на многу важен датум за неа и од друга причина, поради  роденденот на нејзиниот син.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

„Сплитскиот суд повторно донесе пресуда како во 2021 година, половина-половина, добро се вратија на тоа, се е подобро од двапати неделно по четири часа, но нема да застанам на тоа – ќе одам до крај. Ќе барам самостално старателство и сигирно ќе продолжам да се борам за сите жени, односно за нивните деца, со кои системот си игра, кои се жртви на системот и на институциите, моќни и немоќни жени“ – додава пејачката.

Фото: printskrin/instagram/severina

 

Останати вести од Радио Милева