Радио Милева
фановите со прашалници

После операцијата уште еден удар за Гудељ: Анастасија Ражнатовиќ ја извади бурмата (фото)

После операцијата уште еден удар за Гудељ: Анастасија Ражнатовиќ ја извади бурмата (фото)

Сопругот на Анастасија Ражнатовиќ, Немања Гудељ, српски репрезентативец, се повреди на натпреварот помеѓу Севиља и Атлетик Билбао. Тој се здоби со повреда на менискусот на левото колено, по што беше опериран и два до три месеци ќе биде надвор од спортот.

И додека фановите ширум светот му испраќаат поддршка на Немања, многумина се прашуваат дали се е во ред во неговиот брак или фудбалерот доживеал удар и на тој терен, со оглед на тоа што неговата сопруга Анастасија Ражнатовиќ Гудељ, ја извадила бурмата.

Последната фотографија од ќерката на Цеца на Инстаграм предизвика бурни реакции, а она што прво го привлече вниманието на многумина е тоа што Анастасија Ражнатовиќ, сега Гудељ, го ја извадила бурмата на десната рака.

Но, тоа што младата сопруга на српскиот репрезентативец привремено извадила парче накит не значи дека таа не е најголемата поддршка за својот сопруг во најтешките моменти.

За време на закрепнувањето, Анастасија секојдневно ќе биде со својот сопруг, давајќи му ја сета љубов и поддршка за да може што побрзо да се врати на терените и да се подготви за Европското првенство кое започнува во јуни.

фото: Instagram printscreen/ raznatovicanastasija

Останати вести од Радио Милева