Мегафон
Тажна вест

Почина Роберт Немечек, музичар, композитор, гитарист и основач на рок групата „Поп машина“

Почина Роберт Немечек, музичар, композитор, гитарист и основач на рок групата „Поп машина“

Роберт Немечек, родоначалникот на прогресивниот рок во Југославија и голем иноватор во ТВ и филмската индустрија, почина на 75-годишна возраст, потврди неговиот пријател.

Немечек остави голема трага во домашната и југословенската уметност.Тој беше основач и водач на групата „Поп машина“ кои во почетокот на 70-ите години од минатиот век беа основоположници на прогресивниот рок, особено со песните од нивниот албум „Киселина“ (1973).

„Отсекогаш сум бил малку заинтересиран за она што ги окупирало моите врсници. Љубовта кон стриповите ја наследив од татко ми, а многу рано и кон филмовите, што беше под влијание на Кинотеката, која беше зад аголот. За разлика од другите, никогаш не се приклонував кон вестерните, ме фасцинираа старите, па дури и немите филмови“ – изјави своевремено тој.

Љубовта кон музиката ја наследил од родителите и дедо му, кои биле многу талентирани.

„Прадедо ми дошол од Чешка да свири во кралскиот оркестар на дворот на кралот Милан, бидејќи такво нешто во Србија немало. Бил млад и го сметале за чудо од дете, виртуоз на виолина за класична музика.Дедо ми Јосип имаше три деца, а беше и концерт – мајстор.Татко ми Јан го следеше неговиот пат и рано замина во странство каде што направи кариера, вујко ми Лудвиг ја заврши музичката академија, но се одлучи за џез-трубата, иако џезот не беше она што сега се подразбира под џез, повеќе големи ревијални оркестри и тетка Људмила цел живот била во белградските мадригалисти и патувала низ целиот свет.

Дедо ми е еден од основачите на Музичката академија и еден од првите предавачи, а ја основал и Белградската филхармонија и свирел во белградската опера“ – раскажуваше своевремено Немечек.

Местото и времето на погребот на големиот уметник, музичар и рок гитарист Роберт Немечек ќе бидат објавени дополнително.