Живот и Стил

По стапките на Samsung: И Apple развива iPhone со флексибилен екран

По стапките на Samsung: И Apple развива iPhone со флексибилен екран

Околу развојот на новиот екран, американската компанија ќе соработува со LG, но сепак, до пристигнувањето на таквиот iPhone ќе мора да почекаме уште најмалку три години.

Како што пренесуваат јужнокорејските медиуми, Apple наскоро ќе започне соработка со LG на развој на телефон со флексибилен екран. Моментално нема некои дополнителни информации за iPhone со флексибилен екран кој ќе може да се свитка, освен тоа што Apple не планира да го пушти во продажба до 2020-та година.

Доколку овие гласини се вистинити, ова ќе биде најголемата промена на телефоните на Apple досега, но тоа нема да биде новитет, затоа што Apple нема да биде првата компанија која што развива телефон со флексиблен екран.

Имено, Самсунг веќе неколку години развива такви флексибилни екрани, а наводно првиот телефон на јужнокорејската компанија со флексибилен екран можеме да го очекуваме веќе идната година.

Флексибилните екрани на телефоните ќе донесат нови можности – на пример за телефонирање и испраќање на пораки ќе може да се користи преклопен телефон кој што нема да зазема премногу место во џебот, а за преглед на фотографии, видеа и слично, телефонот ќе може да се отвори и да се користи како телефон со голем екран или таблет.

На екранот за iPhone X, Apple соработуваше со Samsung и токму Samsung Display е заслужен за OLED екранот на „десетката“, но во случај на новите телефони со флексибилен екран, очигледно е дека американската компанија сака да ја намали зависноста од својот најголем конкурент и да ги користи екраните на LG.

извор:точка.мк