Радио Милева

По случувањата во „ТЛЗП“, Даниел Кајмакоски се огласи и преку јавно соопштение ја обелодени вистината

По случувањата во „ТЛЗП“, Даниел Кајмакоски се огласи и преку јавно соопштение ја обелодени вистината
фото: принтскрин/јутуб

Петатта сезона на регионалното музичко шоу „Твоето лице звучи познато“ започна пред една недела.

Во оваа сезона нема нови учесници туку се учесници од претходните сезони, а меѓу нив и Даниел Кајмакоски, победникот на последната сезона.

Меѓутоа, новата сезона на „ТЛЗП“ за Даниел почна бурно и со несакани случки кои можеби од една страна се негативни, но од друга ќе му направат добар маркетинг.

Имено, тој во првата емисија го имитираше Хју Џекмен, а за втората емисијата доби задача да се најде во улога на Тејлор Свифт.

За таа улога Даниел ги налакирал ноктите и со лакирани нокти им позирал на фоторепоретерите кои биле во просторијата каде се подготвувале. Тие направиле неколку фотографии од учесниците, а меѓу нив и една фотографија од Даниел која направи скандал и тој заврши во речиси сите српски медиуми со разни наслови.

фото: принтскрин/курир.рс

Имено, на фотографијата Кајмакоски ги држи рацете во положба во рацете на двоглав орел, симбол на „голема Албанија“, а исто ваков симбол покажа и швајцарскиот фудбалер Џердан Шаќири кој ги провоцираше Србите на Светско првенство.

ФОТО: ДАМИР ДЕРВИШАГИЌ/ЕПА/ЛАУРЕНТГИЛИЕРОН

Токму поради овој потег, Кајмакоски се најде во центарот на вниманието во медумите.

Даниел одлучи да ја обелодени вистината, па до сите медиуми  се огласи на својот „Фејсбук“ истакнувајќи дека тој само се подготвувал за улогата на Тејлор, но и дека поради сите коментари се чувствува навредено.

Како ќе се снајде Данеил во новата улога на Тејлор останува да видиме.

фото: фејсбук

Останати вести од Радио Милева